петок, 19 декември 2025

Миовски е неизвесен за дербито против Хартс

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски поради повреда би можел да пропушти уште еден натпревар на Глазгов Ренџерс.

Објавено на

часот

Сподели

Миовски се повреди на дуелот против Ференцварош во Будимпешта поради што веќе пропушти еден меч на Ренџерс, а неизвесен е за викендов.

„Лајл Камерон е надвор од конкуренција, додека Бојан е под знак прашалник, односно ќе ја следиме состојбата во следните 48 часа. Сите останати фудбалери се подготвени за дербито“, кажа тренерот на Ренџерс, Дени Рол.

Миовски се повреди токму кога влезе во форма, постигна три гола на последните два меча пред да паузира.

Ренџерс во моментов е на третата позиција со 29 бодови, додека Хартс е лидер со 38 поени во шкотскиот шампионат.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ