Македонија денеска го доживеа првиот пораз по серија од десет натпревари без загубен натпревар. Бевме поразени од Саудиска Арабија, но ова беше меч во кој селекторот пробуваше нови фудбалери и тактики.
„Има моменти кои ме прават да бидам задоволен, поготово тоа што експериментиравме и со составот и со измените, среќен сум што мислам дека добивме уште два плус играчи кои ќе ја зголемат конкуренцијата во тимот. Главниот меч ни е со Лихтештајн во недела, а сето останато ни е подготовка за тој натпревар и мислам дека одигравме квалитетен натпревар со квалитетен противник и можеме да бидеме задоволни“, изјави Милевски по мечот.
„Среќен сум што можам да работам со вакви фудбалери кои секоја моја замисла можат да ја пренесат на теренот и се адаптираат многу брзо и на промена на формација и на промена на она што се бара од нив на самиот натпревар без разлика на какви задачи добиваат“.






