сабота, 13 декември 2025

Милевски: Во Велс одиме да докажеме дека заслужено се бориме за Мундијал

Македонија на 13. ноември во Скопје ќе ја пречека Летонија во пријателски натпревар, а пет дена подоцна му гостува на Велс во последниот меч од квалификациите за Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

На денешната прес-конференција селекторот Благоја Милевски го даде своето мислење за престојните натпревари.

„Фудбалерите на списокот се истите од претходно, плус Димоски, Трапановски и Ќамили кои не беа со нас во октомври. Се надевам сите ќе останат здрави до понеделник да се јават на повикот. Сите сме подготвени за тоа што не очекува, контролниот меч со Летонија и последниот натпревар во квалифиакцитие против Велс. Ќе имаме добри мини-подготовки за овој предизвик кој ни претстои. Мечот со Летонија ќе ни послужи со сигурност, иако ако можам да бирам не би го одбрал. Сепак, наша обврска е да играме десет натпревари во годината и поради тоа го почитуваме тоа. Ќе ни послужи како подготовка, ќе дадеме минутажа на некои фудбалери кои не играат во репрезентацијата, ќе пробаме некои замисли. Се работи за ранкинг бодови кои ќе ни послужат за ждрепката за следниот квалификациски циклус“, вели Милевски.

„Не само против Велс, ние одиме на секој натпревар по добар резултат, да играме фудбал. Сакаме да докажеме пак дека не сме случајно конкурентни и не сме случајно вторпат по ред во бараж за еден Мундијал. Одиме во Кардиф да уживаме во фудбалот и пак да се докажуваме. Нема калкулации кај нас, нема да одиме да играме на бод и подготовката секогаш ќе биде на победа“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ