сабота, 6 декември 2025
Мотивацијата кај „рисовите“ е на високо ниво

Милевски пред пресметката со Велс: Спремни сме, ќе уживаме во мечот

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски вели дека мотивацијата е на високо ниво пред пресметката против Велс, неговите избрници се спремни и ќе уживаат во мечот.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија утре го игра последниот натпревар во квалификациите за Светското првенство, популарните „рисови“ во џеб имаат бараж, прашање е само дали ќе се најдеме во третиот или четвртиот шешир.

Доколку се избегне пораз на гостувањето кај Велс, ќе биде освоена втората позиција на табелата, а тоа ќе значи место во третиот шешир и релативно полесни можни противници.

„Во ваква ситуација никогаш не недостасува мотивација. Кога се борите за подобра стартна позиција во плеј-оф, а не само за влез во плеј-оф, тоа носи дополнителна убавина. Спреми сме, и секако дека ќе уживаме во мечот“ – вели селекторот Благоја Милевски.

„Потребно е да бидеме дисциплинирани и одговори, да го исполниме она што се бара. Ова не е гаранција за успех, но без ова не можеш да се надеваш на добар резултат“.

„Сите во составот се ставени во функција на тимот да биде успешен, да им посакам здравје на сите мои играчи“.

За пресметката во Кардиф, тој вели: „Не очекувам различен меч од тој во Скопје. Двата тима се тие. Квалитетот на Велс е неспорен, играат во супер лиги. Имаат одличен селектор, како екипа се одлични. Се надевам дека ќе одговориме и ќе бидеме конкурентни на теренот. Стилот на Велс е истиот од претходните натпревари“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ