сабота, 7 јуни 2025

Милевски ги собра фудбалерите, почнуваат подготовките за Белгија и Казахстан (ВИДЕО)

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги собра фудбалерите за престојните квалификациски меча против Белгија и Казахстан.

Објавено на

часот

Сподели

Милевски вчера го објави списокот на повикани фудбалери, а од денеска започнуваат подготовките за престојните дуели од квалификациите.

Ново име во репрезентацијата е Стефан Деспотовски од ОФК Београд. Поради повреди нема да настапат Никола Серафимов, Дарко Велковски и Лирим Ќамили.

Македонија ја пречекува Белгија на 6 јуни од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Три дена подоцна му гостуваме на Казахстан.

По првите две кола Македонија има собрано четири бода од победа над Лихтенштајн и реми со Велс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ