Прв предизвик за Македонија е Златната Европска лига, а Миленковски се одлучи за проверен ростер. Базата ја сочинуваат капитенот Никола Ѓоргиев и организаторот на играта Ѓорѓи Ѓоргиев, потоа Александар Љафтов, Лука Костиќ, Стојан Илиев, Тоше Ефремов, како и средниот блокер Филип Савовски.
Капитенот на Струмица 47&72 Владо Милев како најискусен треба да даде стабилност во националниот тим, а целата слика да ја надополнат најдобрите одбојкари од домашната сцена, од редовите на ново-стариот шампион Струмица 47&72 и освојувачот на Купот, Штип УГД.
Селекторот Миленкоски првата прозивка ќе ја има во хотелот „Пандев“ во Струмица на 15 мај на пладне.