петок, 9 јануари 2026

Миленикот на публиката се откажа од АО, неговото место го зазема поранешен шампион

Австралискиот тенисер Ник Кирјос реши да се повлече од настапот во сингл конкуренција на претстојниот Австралијан опен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа претставува разочарување за домашната публика, но во исто време донесе добра вест за едно големо име во светскиот тенис.

Кирјос е миленик на домашната публика и локален херој. Сепак, поради неподготвеност реши дека е подобро да го препушти своето место на тенисер кој е подготвен за настап.

Најголем добитник од ваквата ситуација е Станислав Вавринка, кој поради ослободеното место доби специјална покана и обезбеди директен настап во главната ждрепка, иако во моментов се наоѓа на 156 позиција на АТП листата. Со тоа, искусниот Швајцарец ќе ги прескокне квалификациите и повторно ќе има шанса да се натпреварува на најголемата сцена. Ова веројатно ќе му биде последниот настап во Мелбурн, каде што во 2014 година ја освои и титулата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ