Раководството на Вардар пред извесно време сметаше дека Милано е вистинскиот човек за предводник на тимот, но поразот од Пелистер ги промени работите.
Милано наиде на низа критики по мечот против Пелистер, на челниците на клубот не им се допадна тоа што го видоа, па решија да му дадат отказ на тренерот.
Вардар во наредниот период ќе бара нов тренер, целта на црвено-црните е да се вратат на врвот во македонскиот ракомет.