сабота, 21 јуни 2025

Милано останува тренер на РК Вардар

Ракометниот клуб Вардар потврди дека Гиљермо Милано и наредната сезона ќе биде тренер на црвено-црните.

Објавено на

часот

Сподели

Милано во Вардар дојде во ноември 2024 година, раководството на клубот е задоволен од неговата работа, па на обострано задоволство е продолжен договорот.

„Тренерот Гиљермо Милано и следната сезона ќе седи на клупата на Вардар и ќе го предводи тимот. Клубот и Аргентинецот се договорија на нова соработка која треба да донесе и нови радости за најтројениот македонски клуб“, се вели во соопштението на Вардар.

Вардар оваа сезона атакува на двојната круна, во првенството е во пол-позиција, а игра и во фајнл-фор турнирот во Купот на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ