Милан остана на -9 во однос на Интер, избраниците на Пиоли вечерва ја совладаа Рома со 3-1 на Сан Сиро.
Резултатот беше отворен во 11. минута, Адли со финта го „летна“ Кристенсен и потоа со десна прецизно биеше за 1-0.
По десетина минути игра во вториот дел, Милан поведе со 2-0. Адли нафрли, Кјаер спушти на пет метри, каде Жиру со глава рутински реализираше за нова радост на домаќините.
Паредес од пенал 69. минута најави неизвесна завршница и намали на 2-1, но победникот беше решен во 84. минута, кога Жиру и Тео Ернандез убаво проиграа а левиот бек финишираше за 3-1.






