Макс Алегри во моментов на располагање ги има Матео Габија, Страхиња Павловиќ, Фикајо Томори, Кони Де Винтер и младиот Давид Одогу како опции за централниот дел на дефанзивата.
Како што пренесува Ла Република, планот е Давид Одогу во јануари да биде испратен на позајмица и да биде ангажиран искусен дефанзивец.
Игли Таре и неговите соработници на ум имаат неколку имиња, а една алтернатива е изненадувачко враќање на Тијаго Силва.
Дефанзивецот во 2012 го напушти Милан и во пакет со Златан Ибрахимовиќ беше продаден на ПСЖ.
Но тој никогаш не ја криеше својата љубов кон „росонерите“, па сега е привлечен од можноста за „последен танц“ во Европа.
Тијаго Силва во септември наполни 41 година, па има многу сомнежи дали тој има што да понуди во Серија А, но минатото лето на Светското клупско првенство демонстрираше дека и понатаму може да игра на високо ниво.
ФОТО: EPA






