сабота, 7 јуни 2025

Милан ќе реализира рекордна продажба, финишираат преговорите со Манчестер Сити за Рајндерс

Милан и Манчестер Сити ги финишираат преговорите за трансфер на Тиџани Рајндерс вреден околу 75 милиони евра, во меѓувреме Саудиска Арабија тропна на вратата на „росонерите“ со понуда за Тео Ернандез.

Објавено на

часот

Сподели

Милан ја одби првата понуда на Манчестер Сити за услугите на Тиџани Рајндерс вредна 60 милиони евра, па „граѓаните“ на маса ставија нов предлог и двата клуба сега ги пеглаат деталите.

Како што пренесуваат медиумите, се финишира трансфер од 75 милиони евра, што ќе биде најскапа продажба за клубот од Сан Сиро.

„Росонерите“ веднаш ќе почнат потрага на замена за Холанѓанецот и во бележникот имаат неколку имиња.

Самуеле Ричи од Торино со месеци е на радарот на Милан, а последните информации велат дека веќе бил опипан терен за ангажман на Ханс Николуси Кавиља од Венцеија, фудбалер кој му е добро познат на Макс Алегри од времето во Јувентус.

ФОТО: X/Milan

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ