Покрај сребрениот медал на Михајловски, Македонија на ова Светско првенство во кик-бокс освои уште два медали, бронзени беа Бобан Илиоски и Силвио Мировски.
Михајловски одлично го започна шампионатот во дисциплината „кик лајт“ над 94 килограми. Последователно ги елиминираше Михал Јанак од Словачка (3-0) во осминафиналната борба и Египќанинот Мостафа Саад, кого го победи со технички нокаут. Во полуфиналето беше подобар од Словенецот Блаж Поточник со чисти 3-0, а дури во завршната пресметка Гасчак успеа да го запре неговиот победнички поход.






