Интер Мајами ќе се бори за трофејот во Лига Купот, натпреварување во кое покрај клубови од САД и Канада има и од Мексико.
Орландо поведе на вчерашниот меч во самиот финиш од првото полувреме со гол на Пашалиќ.
Предноста на гостите траеше до 77. минута кога се случи и клучниот момент. Домаќините добија пенал, а Брекало заработи црвен картон. Меси реализираше од белата точка и израмни на 1-1, Орландо продолжи со фудбалер помалку.
Во 88. минута по една убава акција Меси постигна гол за комплетен пресврт и водство на Интер Мајами од 2-1.
Конечните 3-1 ги постигна Шеговија во 91. минута по едно еден-два додавање со Суарез.
Интер Мајами за трофејот од ова натпреварување ќе се бори против Сиетл Саундерс кој со 2-0 го совладаа Лос Анџелес Галакси.






