сабота, 6 декември 2025
Аргентинецот испиша нова историја

Меси ја покори Америка, Интер Мајами за прв пат ја освои МЛС лигата (ВИДЕО)

Лео Меси и Интер Мајами испишаа историја, клубот од Флорида ја освои својата прва титула во МЛС лигата откако вечерва со 3-1 го доби финалето против Ванкувер.

Објавено на

часот

Сподели

Лео Меси ја покори Америка, кога напаѓачот се пресели во Интер Мајами, клубот од Флорида беше еден од најлошите во првенството, но следуваше целосна трансформација и две ипол години подоцна е испишана нова историја.

Интер Мајами вечерва со 3-1 го доби финалето против Ванкувер и за прв ја освои титулата во МЛС лигата.

Аргентинецот, за кого ова е 48 трофеј во кариерата, одново направи разлика на теренот со две фантастични асистенции.

Со авто голот на Окампо во 8. минута, Интер Мајами поведе со 1-0, но по еден час игра, Ахмед го врати Ванкувер во игра и изедначи на 1-1.


Но потоа на сцена стапи Лео Меси, кој прво во 71. минута одлични уфрли топка за Де Паул, кој реализираше за 2-1, за длабоко во судиското надополнување да го втурне Аљенда во шанса и гол за 3-1.

ФОТО:EPA

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ