четврток, 18 декември 2025

Меси доби редок подарок врден милион евра, во светот има само 12 такви примероци

Лионел Меси за време на турнејата низ Индија доби исклучително редок и луксузен подарок, часовник вреден околу еден милион евра, кој му го врачи синот на индиски милијардер, објавуви „Сан“.

Објавено на

часот

Сподели

Аргентинската фудбалска икона престојуваше на четиридневна посета што опфати неколку големи градови , Калкута, Хајдерабад, Мумбај и Њу Делхи. Кон крајот на турнејата, Меси го посети Вантара. Глобалниот центар за спасување и зачувување на диви животни во Џамнагар, кој е во сопственост на еден од најбогатите луѓе во Азија, Мукеш Амбани.

Токму неговиот син, Анан Амбани, одлучи да го изненади поранешниот ас на Барселона и ПСЖ со ексклузивен подарок, „Richard Mille“ часовник, од кој во светот постојат само 12 примероци. Станува збор за лимитираното издание „RM 003-V2 GMT Tourbillon Asia Edition.

Овој редок модел сега ќе биде најновиот скапоцен дел во колекцијата на Аргентинецот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ