Српскиот тенисер без борба оди меѓу осумте најдобри, бидејќи Јакуб Меншик го предаде осминафиналниот меч. Чешкиот тенисер има повреда на стомачните мускули, па поради тоа не е во можност да се бори на теренот.
Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе оди на мегдан со Лоренцо Мусети или Тејлор Фриц.
Пласман меѓу осумте најдобри изборија Лернер Тиен кој приреди сензација и го победи Данил Медведев (3-0), како и Алекс Де Минер со триумф над Александер Бублик (3-0).






