По тесниот пораз од Хамбург во Бундеслигата, експедицијата на Мелсунген веднаш заминала кон аеродромот, а преку Виена слетала во македонската престолнина. Поради згуснатиот распоред, замор и неколку полесни повреди, стручниот штаб реши во Скопје да им даде шанса на младите и на играчите од вториот тим. Асистентот Фин Лемке ја образложи одлуката.„На овој начин можеме да ги тестираме играчите од младинскиот погон и од втората екипа и постепено да ги интегрираме во првиот тим. Дел од групата што допатува во Скопје се Лино Дукетис, Макс Преглер, Јонатан Атин, Јонас Рике, Леандер Алтена, Леон Штел, Џејсон Вилфер и Павел Кравчик. Им веруваме на младите. Тие веќе покажаа дека се подготвени за вакви предизвици“, изјави Лемке.Тој посочи дека дополнителен проблем претставува и вирус кој се појавил во тимот, поради што неколкумина ракометари директно од Хамбург се вратиле во Германија.И покрај ротациите, Мелсунген најавува борба за бодови, додека Вардар ќе се обиде да се врати на победнички пат по поразот од Бенфика во Лисабон. Натпреварот во Скопје се игра во вторник од 20:45 часот.






