Мечот траеше 2 часа и 23 минути, а Медведев освои само еден брејк, додека противникот четири пати одзеде сервис на рускиот ас.
Откако поведе со 1-0 во сетови, Медведев влезе во голема криза, беше исклучително нервозен, а кулминација на неговиот бес беше моментот кога ја бутна главата во фрижидер за да се олади.
За Волтон, кој е 85. на АТП листата, ова е најголема победа во кариерата и прва против тенисер кој е во топ-50, а во третото коло ќе се сретне со Јиржи Лехечка од Чешка.
На последните четири турнири на кои настапи, Медведев не успеа да стигне подалеку од третото коло, во Торонто загуби од Попирин, во Вашингтон од Муте, а и на Вимблдон експресно го заврши своето учество откако во воведниот круг загуби од Бонзи.






