недела, 15 март 2026

Медведев го изненади Алкараз и ќе се бори со Синер за трофејот во Индијан Велс

Данил Медведев и Јаник Синер ќе се судрат за трофејот на тенискиот турнир на Индијан Велс.

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот тенисер Медведев го изненади првиот светски рекет Карлос Алкараз и го победи во два сета (2-0). Првиот сет Русинот го доби со 6-3, а вториот по тај-брејк со 7-3. Мечот меѓу овие двајца траеше час и половина, а заврши со изненадувачки исход за главниот фаворит.

Во другото полуфинале фаворитската улога ја оправда Јаник Синер, победувајќи го Александер Зверев исто така со 2-0. Италијанецот ги доби двата сета со 6-2 и 6-4 за конечно славје.

Финалето во Индијан Велс е на програмата вечерва во 22:00 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ