понеделник, 15 декември 2025

Мечот меѓу Вардар и Лозана е од висок ризик, доаѓаат ултрас фанови од Швајцарија

В четврток од 20:30 часот Вардар ја пречекува Лозана во првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига, има најава за присуство на гостински навивачи.

Објавено на

часот

Сподели

За натпреварот во Скопје е најавено присуство на околу 100 навивачи на Лозана кои доаѓаат од нивната ултрас група.

Голема мобилизација најавуваат и Комити кои на западната трибина ќе го прослават и роденденот на Вардар кои денеска слави 78 години од своето постоење.

Се очекува жешка атмосфера на трибините. Надлежните го прогласија овој меч за натпревар од висок ризик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ