УЕФА соопшти дека мечот од седмото коло во групата К меѓу Србија и Албанија кој е закажан за 11 октомври, ќе се игра во Лесковац.
Мечот првично беше закажан за Белград, но од безбедносни причини поради актуелната состојба во Србија решено е дуелот да се игра во Лесковац.
Мечот е прогласен за натпревар од висок ризик и се бара целосна контрола на сите елементи со цел да се спречат било какви инциденти.
Фото: Facebook/Fudbalski savez Srbije






