четврток, 8 мај 2025

Меч кој Олд Трафорд вечно ќе го памети, од бездна до херојска победа за седум минути (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед синоќа оствари победа која секогаш ќе се прераскажува, момците на Аморим губеа со 4-2 во 114. минута, победија со 5-4 во 121. минута против Лион во Лига Европа.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот се играше во продолженија бидејќи по регуларните 90 минути резултатот беше 2-2, исто како и на мечот во Лион.

Манчестер јунајтед имаше идеален старт на мечот, со голови на Угарте и Далот поведе со 2-0 по првото полувреме.

Тој резултат беше актуелен до 71. минута кога Толисо намали на 2-1, а седум минути подоцна Таљифико израмни на 2-2.

Во 89. минута Толисо заработи втор жолт картон, Лион остана со фудбалер помалку. Резултатот не се промени, па мечот отиде во продолженија.

Иако во продолженијата влезе со фудбалер помалку, Лион даде два гола, најпрво Черки погоди за 3-2, а потоа и Лаказет од пенал во 110. минута за 4-2.

Во тие моменти се чинеше дека Манчестер јунајтед ќе биде елиминиран, но ѓаволите не се откажаа.

Бруно Фернандеш во 114. минута намали на 4-3, Маино во 120. минута израмни на 4-4, а минута подоцна Мегваер даде гол за вистинска ерупција на Олд Трафорд и победа на Манчестер јунајтед од 5-4.

Манчестер јунајтед во полуфиналето ќе игра против Атлетик Билбао.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ