сабота, 12 јули 2025

Мбапе го тужи ПСЖ поради малтретирање и вознемирување

Килиан Мбапе го тужи поранешниот клуб ПСЖ за малтретирање и вознемирување, потврди париското обвинителство. Францускиот ас, кој минатото лето се пресели во Реал Мадрид, тврди дека му се должат 55 милиони евра од неисплатени плати.

Објавено на

часот

Сподели

Освен парите, Мбапе има забелешки и за начинот на кој клубот се однесувал со него во летото 2023 година, откако реши да не го продолжи договорот. Беше изолиран од тимот и тренираше со група фудбалери кои не беа во плановите на тренерот.

Иако потпиша нов договор во 2022 година, со кој требаше да остане до 2025, договорот важеше до 2024 со опција за продолжување што Мбапе не ја активираше. ПСЖ се обиде да го продаде, дури имаше и понуда од 300 милиони евра од Саудиска Арабија, а околу 200 нудеше и Реал.

По седум години, 256 гола и статус на најдобар стрелец во историјата на клубот, Мбапе си замина од Париз во лоши односи, а неговиот адвокатски тим веќе иницираше правна постапка против поранешниот клуб.

Фото: PSG/Twitter

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ