среда, 4 февруари 2026

Мато: Немав интернет, затоа не му кажав на Вардар за Хартс

Роџерс Мато вели дека причината што немал интернет во Уганда во траење од четири дена, била причината за лошата комуникација со Вардар кога одлучил дека ќе потпише за шкотскиот фудбалски клуб, Хартс.

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за шкотските медиуми, Мато рече дека немањето интернет во Уганда било пречка да искомуницира со Вардар.

„Знаев дека во мојата земја има избори и дека интернетот ќе биде исклучен. Поради тоа беше многу тешко да стапам во контакт со мојот агент, со тренерот тука и со клубот таму (Вардар). Тоа беше проблемот“, изјави Мато за британските медиуми.

22-годишниот фудбалер како да не знае дека во светот се комуницираше меѓу разни земји и пред појавата на интернетот, се што требало да направи е да се јави на телефон или да прати смс порака.

Во интервјуто Мато открива и дека уште од пред три месеци одлучил да отиде во Хартс бидејќи таму ќе биде најблиску до Премиер лигата, која изгледа е негова следна цел.

„Јас веќе знаев каде сакам да одам, уште пред да го потпишам преддоговорот. Оваа понуда од Хартс постоеше три месеци, уште пред да заминам на АФКОН. Имаше интерес и од Америка, од Шпанија, па и од Трабзонспор, но мојата иднина беше тука. Презадоволен сум што ќе играм во Шкотска. Тука сум многу блиску до Премиер лигата“, додаде тој.

Вардар на крајот сепак успеа да го наплати заминувањето на Мато во Хартс откако постигна договор за негова позајмица до крајот на сезоната по која ќе се активира неговиот перманентен договор со шкотскиот клуб.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ