Кампот се одржува во градот Ченгду и трае од 3-ти до 13-ти Декември.
Учеството на светскиот камп е дел од соработката која Пинг понгарската федерација на Македонија ја има и негува со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија, а со поддршка на Меѓународната пинг понг федерација.
На домашен терен, во Пехчево до петок младите таленти во возрасните категории до 11 и 13 години тренираат со селекторот Милош Миленковиќ и тренерот Зоран Јованоски. Избрани се 14 таленти од повеќе градови и клубови. Кампот е дел од програмата на Федерацијата за вложување во младите надежи и поддршка на клубовите.











