среда, 11 март 2026
Квалитетно го истрола својот поранешен соиграч

Мата му честиташе роденден на Бруно Фернандеш со урнебесна фотка од тинејџерските денови (ФОТО)

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш вчера славеше роденден а најурнебесната честитка ја доби од Хуан Мата.

Објавено на

часот

Сподели

Бруно Фернандеш синоќа наполни 31 година, доби многу честитки од сегашни и поранешни соиграчи.

Хуан Мата реши да ја искористи оваа прилика за малку да го трола Португалецот и предизвика многу смеа со фотографија од минатото, на која младиот Бруно Фернандеш изгледа наивно и има долга коса.

„Среќен роденден, те сакам и ми недостасуваш“ – напиша Хуан Мата покрај сликата.

Бруно Фернандеш добро ја прифати шегата на негова сметка, и со насмевка порача: „Ќе те убијам!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ