недела, 25 јануари 2026

Масовна тепачка, „Делии и „Торцида“ се тепаа во Тузла (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла соопшти детали за инцидент кој се случил во близина на аеродромот.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за тепачка во која српските навивачи на Црвена Звезда на враќање од гостувањето во Лигата на Европа кај Малме биле нападнати. „Делии“ според информациите биле нападнати од страна на припадници на навивачката група „Торцида“ на Хајдук.

На местото на инцидентот беа испретени повеќе полициски возила и тимови за брза интервенција. Тепачката ја предизвикале повеќе лица за кои е потврдено дека се навивачи на Црвена Звезда и Хајдук“, соопштија од полицијата.

Според информациите повредени беа 23 лица, додека дури 93 навивачи се приведени поради инцидентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ