недела, 14 декември 2025

Мартинез за изненадувачкиот трансфер во Ал Наср: Не ми се веруваше кога ја видов понудата

Ињиго Мартинез го прокоментира изненадувачкиот потег да ја напушти Барселона и да се пресели во Ал Наср, вели дека не можел да каже НЕ на сумата која ја добил од Саудиска Арабија.

Објавено на

часот

Сподели

Ињиго Мартинез минатата сезона беше еден од најстандардните првотимци на Барселона, а тренерот Ханси Флик сега го планираше за еден од капитените.

Сепак, на две недели пред почетокот на новата сезона, дефанзивецот на големо изненадување беспари ги напушти „каталонците“ и прифати трансфер во Ал Наср.

Одредени шпекулации велат дека тој ќе заработува и до 20 милиони евра годишно во Саудиска Арабија, пари кои тешко се одбиваат.

„Разговарав со Флик, бев искрен со него и знаев дека ќе ме разбере со оглед на тоа што имам 34 години и уште 12 месеци од договорот. Овој воз доаѓа ретко, и тешко е да кажете НЕ. Флик беше прилично изненаден, но му стана јасно по само 2 минути“ – вели Ињиго Мартинез.

„Кога ја видов понудата, не ми се веруваше… Никој не е подготвен на вакви суми, или барем јас не сум подготвен“.

„Отсекогаш сум бил обичен фудбалер, напредува со помош на напорна работа и пот, па кога ќе добиете ваков договор, ве погодува многу, особено вашето семејство“.

ФОТО: X/FC Barcelona

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ