петок, 30 јануари 2026

Марсениќ: Не смееме да бидеме како крава која дава дваесет литри млеко, па го истура

Поранешниот вардарец Мијајло Марсениќ зборуваше по големата победа на Србија над Германија (30-27) во борбата за главната фаза на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Кружниот напаѓач не го криеше задоволството од победата, имаше пофалби до младите во тимот, но и еден интересен коментар.

Кога се вративме во игра јас бев на клупата, а сите играа неверојатно. Сите веруваат и тоа Бог го награди. Мора добро да се подготвиме и за Австрија. Како капитен, веднаш им кажав на соиграчите дека нема простор за еуфорија, ништо не е готово. Покажавме дека можеме да победуваме и да играме со силни репрезентации. Сепак, што би рекол Вања (Илиќ) не смееме да бидеме крава која дава дваесет литри млеко и потоа истото го истура“, изјави Марсениќ.

Во последната рунда Србите ќе се судрат со Австрија, додека Германија оди на мегдан со Шпанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ