четврток, 24 април 2025

Марко Митев е успешно опериран, следува долга рехабилитација

Најдобриот ракометар на Алкалоид, Марко Митев беше подложен на операција на лигаментите на коленото, за него следува пауза од најмалку шест месеци.

Објавено на

часот

Сподели

Митев заработи повреда на лигаментите на првиот меч против Словенија во квалификациите за Европското првенство. Оттогаш тој е надвор од теренот, а сега врз него е извршена и операција која поминала успешно.

Ракометарот ги оперираше лигаментите на десното коло, а сега започнува долгиот процес на рехабилитација која трае од шест до девет месеци.

Алкалоид остана без својот најдобар ракометар во периодот кога се решава сезоната, а повторно ќе го има во текот на следната. Ако се случи најоптимистичкото сценариот, тоа би било во октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ