Избраниците на Луис Енрике од утре можат целосно да се фокусираат на Лигата на шампиони откако ја завршија работата во домашниот шампионат.
Со голот на Дуе по десетина минути игра, ПСЖ го совлада Анже со 1-0 и на шест кола пред крајот има +24 на врвот на табелата, предност која е недостижна за Монако.
Со новиот трофеј, капитенот Маркињос испиша историја и стана единствениот играч со 10 титули во Лига 1., Бразилецот има вкупно 32 трофеи во дресот на „светците“.