понеделник, 23 март 2026

Марјан Секуловски ќе го спасува Пелистер

Фудбалскиот клуб Пелистер брзо ја најде замената за Милан Стојановски, тоа е Марјан Секуловски кој ќе се обиде да избори опстанок со битолскиот тим.

Фото: ФК Пелистер

Објавено на

часот

Сподели

Пелистер беше во лоша форма во вториот дел од сезоната, по што Милан Стојановски поднесе оставка. Денеска е назначен нов тренер.

Марјан Секуловски од денес е нов тренер на Пелистер и ќе го води тимот до крајот на оваа сезона.
ФК Пелистер повикува на обединување во последните два месеци од сезоната за исполнување на клупските цели. Нашата идеја е сите структури во клубот и градот да пулсираат исто за на последните девет натпревари оваа сезона Пелистер биде оној вистинскиот.
Затоа решението за излез од кризниот период го побаравме во нашите редови. Како и сите големи клубови се потпревме на оние кои најдобро знаат што е Пелистер, како се менаџира тежок период во клубот и кој е патот за излез од кризата.
Секуловски е дете на клубот, долги години играше и во водеше тимот, а својата професионала кариера го однесе во Победа, 11 Октомври, Новаци, Силекс, Македонија Ѓорче Петров, Брегалница, Мјанмар, Малдиви, Бангладеш…
Секуловски во изминатите 8 месеци во клубот е поставен како координатор на школата.
53-годишниот Секуловски в среда ќе го одржи првиот тренинг, а ќе дебитира на 4 април против првакот Шкендија“, стои во соопштението на Пелистер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ