Илиевски поднесе оставка од селекторската функција, а Управниот одбор на вчерашната седница едногласно ја прифати оваа одлука. Поради тоа, сега пред МКФ е предизвик да најде нов селектор за февруарските предизвици.
Илиевски на клупата на репрезентацијата беше од летото. Тој ја водеше Македонија во претквалификациите за Светското првенство, а го почна и првиот сегмент од квалификациите за Евробаскетот кој ќе се одржи во 2029 година.






