Договорот со „црвено-црните“ го продолжи Марио Стојановски. Младото крило стави потпис на двегодишен договор.
Стојановски е дете на Вардар, а оваа сезона поради склоп на околности успеа да се наметне на левата крилна позиција. Македонскиот ракометар и во следните две сезони ќе биде дел од Вардар, откако клубот му укажа доверба.






