недела, 14 декември 2025

Мареска понижи двајца дефанзивци за кои Челси потроши преку 100 милиони фунти

Тренерот на Челси, Енцо Мареска стави јасно до знаење дека бара нов дефанзивец по повредата на Леви Колвил и ги понижи Весли Фофана и Беноа Бадиашиле, за кои беа потрошени преку 100 милиони фунти.

Објавено на

часот

Сподели

Леви Колвил, кој беше столбот во одбраната на Челси минатата сезона, ги повреди предните вкрстени лигаменти на коленото и ќе го пропушти најголемиот дел од новата сезоната.

„Сините“ имаа неколку дефанзивци во составот кои можат да помогнат, но Енцо Мареска инсистира да пристигне ново име.

„Клубот точно знае што мислам – потребен ни е нов дефанзивец. Бараме решение во играчите кои веќе ги имаме, но клубот знае што мислам“ – вели тренерот на Челси.

Опции му се Весли Фофана за кого беа платени 70+ милиони фунти, како и Беноа Бадиашиле за кого беа потрошени 35 милиони фунти, но двајцата беа понижени.

„Фофана би можел да го замени Колвил, но прво треба да е фит, а не повреден. Играше 45 минути на таа позиција, мислам дека беше првото полувреме против Борнмут на гости, не знам дали паметите. И тоа беа најлошите 45 минути откако јас станав тренер на Челси“.

„Бадиашиле играше на таа позиција во финалето во Конференциска лига, играше во првото полувреме и губевме со 1-0. Потоа влезе Колвил и победивме со 4-1, па не е исто“.

ФОТО: X/Chelsea FC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ