петок, 11 јули 2025

Мареска: Ова е шега, ова не е фудбал

Челси со убедливи 4-1 ја победи Бенфика и се пласираше во четвртфиналето од Светското клупско првенство во меч кој траеше речиси пет часа.

Објавено на

часот

Сподели

Сините поведоа во 64. минута, но во 86. минута мечот се прекина поради најава од големо невреме. Безбедносните протоколи кои се на снага во САД бараат спортските случувања на отворено да се прекинат најмалку на 30 минути кога ќе има грмотевици во радиус од 13км. Овојпат прекинот траеше речиси два часа по што мечот беше продолжен.

Ди Марија даде гол од пенал, па се играа продолженија во кои Челси даде три гола и на крајот убедливо славеше.

Мечот почна во 16 часот по локално време, а заврши во 20:40 часот.

Незадоволство од ваквиот протокол има кај многумина, а прв гласот го крена тренерот на Челси, Енцо Мареска.

„Среќен сум поради победата, но тука се случуваат работи кои не можам да ги сфатам. Ова е заебанција, не е фудбал. Разбирам натпреварот да се прекине од безбедносни причини, но тогаш веројатно ова не е вистинското место за играње фудбал. Луѓе, прекинување на натпревар на два часа не е фудбал“, рече Мареска.

Веќе неколку натпревари беа прекинувани на овој начин, а ова значи дека истото ќе не очекува и на Светското првенство кое ќе се одржува наредното лето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ