четврток, 11 декември 2025
Тренерот на Челси со брутален коментар

Мареска: На Стерлинг му било тешко да тренира сам? Татко ми 50 години беше рибар, е тоа е напорна работа

Тренерот на Челси, Енцо Мареска даде брутален коментар откако новинар го праша за менталното здравје на Рахим Стерлинг и Аксел Дисаси, кои тренираат одвоено од тимот.

Објавено на

часот

Сподели

Рахим Стерлинг и Аксел Дисаси не се дел од плановите на Челси, изминатово лето не беше најден купец за напаѓачот и дефанзивецот, па тие останаа на „Стемфорд Бриџ“, но тренираат одвоено од тимот.

Оваа недела, Асоцијацијата на професионални фудбалери стапи во контакт со „сините“ за да побара повеќе информации за статусот на Англичанецот и Французинот, па на денешната прес конференција, ова беше една од топ темите.

„И јас сум бил во нивната ситуација и знам дека е лошо. Но поради едни или други причини, ситуацијата е таква каква што е. Клубот им дава можност да работат на правиот начин и јас само тоа можам да го кажам. И вака не се постапува само во Челси, се постапува во секој друг клуб во светот“ – вели Енцо Мареска.

Запрашан за здравјето, особено менталното здравје на Стерлинг и Дисаси, Енцо Мареска даде брутален коментар: „Мојот татко има 75 години, и 50 години работеше како рибар. Почнуваше во 2 часот наутро, и завршуваше во 10 часот наутро!“.

„Е тоа е напорна работа, а не работата на фудбалерите!“.

Рахим Стерлинг е најплатениот играч на Челси, се верува дека неделните примања му изнесуваат над 300.000 фунти, што се однесува за Аксел Дисаси, неговата плата е нешто над 100.000 фунти неделно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ