четврток, 26 март 2026

Мареј со 53 поени и Јокиќ со моќен трипл-дабл го преводеа Денвер до победа (ВИДЕО)

Џемал Мареј постигна фантастични 53 поени, а на Јокиќ му недостасуваше само една асистенција за да направи трипл-дабл со 20+ во три категории, Денвер го победи Далас со 142-135.

Објавено на

часот

Сподели

Во победата против Далас со 142-135, српскиот центар оствари монструозен трипл дабл со 23 поени, 21 скок и 19 асистенции, бројки какви што ретко се гледаат во кошарката, каде било во светот. Со ова стана прв кошаркар во историјата кој на два меча по ред постигнал 15+ поени, 15+ скока и 15+ асистенции. Покрај тоа, стигна до 6.000 асистенции во својата кариера што е уште еден голем потфат за него.

Џемал Мареј го наполни кошот на Далас со 53 поени, а најефикасен кај гостинскиот тим беше Флег со 26 поени.

Резултати:

Детроит – Атланта 129-130
Индијана – ЛА Лејкерс 130-137
Филаделфија – Чикаго 157-137
Бостон – Оклахома 119-109
Кливленд – Мајами 103-120
Мемфис – Сан Антонио 98-123
Јута – Вашингтон 110-133
Минесота – Хјустон 110-108
Денвер – Далас 142-135
Голден Стејт – Бруклин 109-106
Портланд – Милвоки 130-99
ЛА Клиперс – Торонто 119-94

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ