Манчестер Сити летоска сака да донесе неколку засилување за средниот ред, а последните информации велат дека во бележникот се наоѓа и името на Ардон Јашари.
22 годишниот фудбалер минатото лето се пресели во Клуб Бриж, импресионираше во својата прва сезона и беше избран за фудбалер на годината во Белгија.
„Граѓаните“ веќе оствариле контакт со Клуб Бриж и се распрашувале за условите под кои може да се реализира трансферот, се шпекулира дека цената на фудбалерот е 35 милиони евра.
Ардон Јашари има потекло од Македонија, неговите родители се етнички Албанци од Куманово, кои одамна се имаат преселено во Швајцарија, репрезентацијата за која сега настапува младото момче.
ФОТО: X/Club Brugge