четврток, 5 јуни 2025

Манчестер Сити „намириса крв“ и тргна по потписот на најдобриот играч на Милан

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Манчестер Сити отворил преговори со Милан за трансфер на Тиџани Рајндерс, кој е најдобриот играч на „росонерите“ оваа сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Милан не обезбеди настап во Лигата на шампиони, па ќе мора да ги балансира сметките со продажба на една ѕвезда.

Манчестер Сити „намириса крв“ и тргна по потписот на Тиџани Рајндерс, кој е најдобриот играч на „росонерите“ оваа сезона.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека „граѓаните“ отвориле преговори со Милан и контактот помеѓу двата клуба се очекува да прогресира во следните денови и на маса да биде ставена првата понуда.

Медиумите од Италија со денови шпекулираат за можноста Тиџани Рајндерс да се пресели на Етихад, се најавува дека првичниот предлог на Манчестер Сити ќе биде околу 60 милиони евра, додека пак Милан ќе бара 70 милиони евра, плус бонуси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ