петок, 8 август 2025

Манчестер Сити го надмина лутиот градски ривал Манчестер јунајтед и потпиша рекорден договор со Пума

Манчестер Сити ја продолжи соработката со Пума, германскиот производител на опрема ќе продолжи да ги снабдува „граѓаните“ со дресови и во следните десет години за рекордна 1 милијарда фунти.

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер Сити и Пума потпишаа договор каков што не е виден во Премиерлигата – 10 годишна соработка вредна 1 милијарда фунти.

Тоа значи дека клубот од „Етихад“ секоја година ќе инкасира околу 100 милиони фунти, и ќе го надмине рекордот кој го држеше лутиот градски ривал Манчестер јунајтед, кој во 2023 година потпиша договор со Адидас според кој секоја година добива по 90 милиони фунти.

Ова е значително зголемување во однос на претходната соработка помеѓу „граѓаните“ и германскиот производител на спортска опрема, договорот потпишан во 2019 година беше тежок 65 милиони фунти по сезона.

„Се здруживме со Пума со амбиција да си поставиме предизвици и да ги надминеме очекувањата. Не само што го постигнавме ова, туку направивме и многу повеќе во изминатите шест сезони“ – вели извршниот директор Феран Соријано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ