„Граѓаните“ ќе го откупат најдобриот играч на Борнмут за сума од 75 милиони евра, иако откупната клаузула беше нешто пониска. Семењо е идеален избор за системот на Пеп Гвардиола, пред сè бидејќи може да ги покрие двете крилни позиции.
Во Премиер лигата оваа сезона за Борнмут постигна осум погодоци и подели три асистенции на 16 настапи.
Антоан Семењо е есенскиот хит во најсилната лига на светот, па за него постоеше огромен интерес од повеќето гиганти.






