понеделник, 15 декември 2025
Трета среќа за „ѓаволите“

Манчестер јунајтед сфати дека нема простор за ценкање и понуди 70 милиони за Мбеумо

Новинарот Дејвид Орнштајн објави дека Манчестер јунајтед доставил нова понуда вредна околу 70 милиони фунти за ангажман на Брајан Мбеумо од Брентфорд, ова е сумата која популарните „пчели“ ја побараа за продажба на Камерунецот.

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед го идентификуваше Брајан Мбеумо како топ трансфер цел за нападот, со месеци преговара за негов ангажман, и по два неуспешни обиди, се чини дека третиот ќе биде среќен.

Новинарот Дејвид Орнштајн попладнево објави дека „ѓаволите“ доставиле предлог тежок 70 милиони фунти, односно 65 милиони фунти како фиксен дел и додатни 5 милиони фунти во бонуси.

Сега се чека одговорот од популарните „пчели“ и се очекува тој да биде позитивен со оглед на тоа дека Брентфорд постави цена од 70 милиони фунти.

Ваквиот потег на Манчестер јунајтед следува по гласините дека Њукасл ќе се обиде да го ангажира Јоан Виса поради тоа што Ливерпул им го украде Уго Екитике, а Брентфорд е подготвен ова лето да продаде само еден напаѓач – или Брајан Мбеумо или Јаон Виса, во никој случај двајцата.

ФОТО: X/Brentford FC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ