Изминатово лето, Виктор Ѓокереш влезе во војна со Спортинг откако клубот од Лисабон одби лесно да го продаде напаѓачот.
Швеѓанецот веруваше дека имаат џентлменски договор, но популарните „лавови“ бараа повеќе пари за да го пуштат во Арсенал.
Во еден момент се говореше дека зделката ќе пропадне, но на крајот беше пронајден компромс и Виктор Ѓокереш се пресели во Северен Лондон.
Еден од агентите, Јонатан Чалкиас сега открива дека трансферот се искомплицирал откако Манчестер јунајтед доставил побогата понуда.
„Спортинг веќе си имаше подадено рака со Манчестер јунајтед, и тоа зад наш грб. Тоа ни создаде огромен проблем бидејќи Јунајтед нудеше повеќе од Арсенал“ – вели агентот.
ФОТО: X/Arsenal






