вторник, 30 декември 2025

Манчестер јунајтед ќе плати двојно за да ја исправи грешката, сака да го врати Мектоминеј

„Ѓаволите“ сонуваат за враќање на Скот Мектоминеј, клубот од Олд Трафорд ќе треба да бркне длабоко во џебот и ќе треба да одвои околу 60 милиони фунти за реализирање на една ваква зделка.

Објавено на

часот

Сподели

Летото во 2024 година, Манчестер јунајтед реши да се раздели со Скот Мектоминеј и го продаде во Наполи во зделка вредна околу 25+ милиони фунти.

„Ѓаволите“ очигледно погрешија, Шкотот блесна во Серија А и беше еден од најдобрите поединци во Наполи, а ја доби и наградата за најдобар играч во Калчото.

Манчестер јунајтед сега бара засилување за средниот ред, и како што пренесува „КотОфсајд“, извори блиску до трансфер случувањата им откриле дека клубот од Олд Трафорд сонува за враќање на Скот Мектоминеј.

Но за да ја исправат грешката, „ѓаволите“ сега ќе треба да платат најмалку двојно, Наполи ќе бара 50-60 милиони фунти за продажба на Шкотот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ