среда, 21 мај 2025

Манчестер јунајтед и Тотнем на убедлив начин до финале, во Билбао ќе играат за спас на сезоната (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед и Тотнем на убедлив начин се пласираа во финале на Лига Европа откако вечерва со 4-1 го победија Атлетик Билбао, односно Бодо/Глимт со 0-2

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед и Тотнем на 21. мај на Сан Мамеш ќе бркаат спас на сезоната, односно триумф во Лига Европа, успех што ќе им донесе и настап во Лигата на шампиони.

„Ѓаволите“ се изборија за финале со убедливи 7-1 во двомечот против Атлетик Билбао, додека пак „спарси“ со 5-1 ја добија пресметката против Бодо/Глимт.

Избраниците на Аморим вечерва со 4-1 го совладаа Атлетик Билбао во реваншот и покрај тоа што првите 45 минути не навестуваа ваков резултат, гостите на пауза заминаа со предност од 0-1 и беа подобар противник.

Но Манчестер јунајтед се разиграа во финишот, односно откако во игра влегоа Шо, Маунт и Диало.

Токму Маунт ја почна и ја заврши гол серијата, во 72. минута одлично се ослободи од противникот и пласираше на подалечната статива за 1-1, за во 91. минута да погоди од речиси половина терен.

Помеѓу двете мајстории на Англичанецот, Касемиро по еден прекин донесе 2-1, а Хојлунд рутински реализираше за 3-1 во 85. минута.

Тотнем ја доби и втората пресметка со Бодо/Глимт, вечерва во Норвешка триумфираше со 0-2.

Соланке го отвори резултатот во 63. минута, а Поро ги реши сите дилеми во 69. минута.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ