„Црвените ѓаволи“ сакаат да го доведат Карлос Балеба од редовите на Брајтон. За потписот на младиот фудбалер за врска „галебите“ нема да прифатат ништо помалку од 115 милиони евра, а наводно од Манчестер се подготвени да ги исполнат барањата.
Балеба има договор со Брајтон до 2028 година, па тоа му дава за право на клубот да бара висока отштета за неговиот трансфер.
Досега младиот Карлос Балеба иако има само 22 години има 96 настапи за Брајтон, на кои постигна четири гола и подели две асистенции.






