понеделник, 8 декември 2025

Манчестер јунајтед го комплетираше мега трансферот на Шешко

Словенечкиот напаѓач, Бенјамин Шешко од Лајпциг се пресели во Манчестер јунајтед, трансферот денеска е комплетиран.

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед го потврди потписот на Шешко за кој „војуваше“ со Њукасл и на крајот победи.

„Манчестер јунајтед со задоволство може да потврди дека Бенјамин Шешко потпиша договор до јуни 2030 година“, стои во соопштението на Јунајтед.

Манчестер јунајтед за овој трансфер ќе плати 85 милиони евра со вклучени бонуси.

„Историјата на Манчестер јунајтед јасно е дека е многу посебна, но она што мене навистина ме возбудува е иднината“, рече Шешко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ