Една анализа на Скај Спортс покажа дека Манчестер јунајтед е во црвено од преку 300 милиони доколку се пресметка колку пари се потрошени за креирање на тимот, и колку пари всушност тој тим вреди сега.
Едно од големите трансфер промашување е Антони, кој сега е пред трансфер во Бетис.
„Зелено-белите“ за неговите услуги ќе платат 25 милиони евра, односно 70 милиони евра помалку од тоа што „ѓаволите“ го платија за него пред три години.
Мала утеха за Манчестер јунајтед е тоа што имаат клаузула која им носи 50% од профитот од следниот трансфер, како и тоа што минусот во сметководствените книги нема да биде толку голем, со оглед на тоа дека вредноста на Бразилецот во билансите е нешто под 40 милиони евра.






